Приватната средношколска установа „Јахја Кемал“ информира дека ќе овозможи тестирање на ученици за стиденпнија која ќе овозможи попусти на износот за школарина.
Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 9-ти мај 2021 во недела во 11.00 часот во објекот на „Јахја Кемал“ во Боговиње.
Можат да се пријават ученици од деветто одделение на веб страницата https://www.ykc.edu.mk/scholarship, а рокот за пријавување е до 7-ми мај 2021 година.
-На тестирањето за стипендија ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата. Тестирањето за стипендија ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик. За тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и турскиот јазик, информираат од „Јахја Кемал“.
Првото место обезбедува целосна школарина, второ 90 %, трето место 80%, четврто место 70% итн се до 25 место со кое се добива 20 % од износот за школување.