Во полициската станица во Тетово вчера во 22.00 часот 44-годишен жител на градот пријавил дека неговата поранешна сопруга физички го нападнала него и нивната малолетна ќерка. Таа била лишена од слобода и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.
Од полицијата информираат дека вчера полициското одделение Теарце, Џ.Б.(68) од Тетово пријавил дека од домот во с.Јажинце се оддалечил неговиот брат Е.Б.(64). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 14.05.2020 во 14.30 часот на улица Ј.Златаноски во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(61) од с.Орашје, а со живеалиште во Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од 13.00 до 14.30 часот, пронашле и одзеле таблети и прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.