Тетовската полиција информира дека се приведени две лица кои оштетиле казино и се однесувале агресивно кон вработените. Тие се приведени во раните утрински часови.
-Полициски службеници на СВР Тетово околу 5 часот и 50 минути на улица „121“ во Тетово ги привеле Е.М.(42) од Тетово и А.М.(29) од тетовско Боговиње, кои во казино го нарушиле јавниот ред и мир, се однесувале агресивно и оштетиле дел од опремата во објектот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против двајцата ќе следуваат поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во март во Тетово имаше сличен инцидент при кој двајца гости освен оштетување се обиделе да го запалат казиното.