Во угосителски објект во Тетово ноќеска околу полноќ се приведени девет лица при акциска контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници.
-Во времето од 23,50 до 01,00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица од 22 до 44 години кои ги забавувале гостите како танчерки, од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на С Македонија, информира Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.
Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.
А.С