Тетовската полиција информира дека во два одвоени случаи во текот на вчерашниот ден полициски службеници нашле дрога, поради што приведени се вкупно пет лица.
-Околу 16 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Х.(42), Н.М.(61) од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок, затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден им бил хероин, соопшти денес СВР Тетово.
Вториот случај е евидентиран во Лешок неколку часа подоцна.
-Околу 22 часот и 45 минути, во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците Ф.С.(38) и С.А.(47), затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Ф.С., им била пронајдена марихуана, информираат од полицијата.
Сите пет лица се задржани во полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
А.С