Во акциска контрола на повеќе оддели на полицијата и инспектори во три тетовски угостителски објекти на подрачјето на Тетово се приведени повеќе странски државјани.
Акцијата е спроведена во периодот од 22.50 часот до 01.00 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделение за прекуграничен криминал и миграции и Трудов инспекторат.
-Притоа, во 00.30 часот во угостителски објект во с.Горно Седларце, тетовско, биле приведени А.К.(34) и Е.К.(37), двајцата од Република Албанија, поради илегален престој во Република Северна Македонија и неносење на дозвола за престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 01.50 часот, пак, во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, од слобода биле лишени четири странски државјанки А.Х.(24) од Русија, К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
И четирите женски лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ас