Тетовската полиција информира дека во текот на вчерашниот ден се приведени шест малолетници во два различни случаи при што кај нив се се најдени дрога и оружје. На улица „107“ во Тетово после полноќ полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и еден од тетовско Ѓермо затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
-Со нив, во присуство на нивните родители, во Полициска станица во Тетово бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.
Вчера околу пладне на улица „Видое Смилевски-Бато“ приведени се и двајца малолетници од Тетово и еден од тетовско Озормиште затоа што кај нив биле пронајдени два ножа и метален предмет.
-Со нив, во присуство на нивните родители, вопПолициска станица во Тетово бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје, информираат од СВР Тетово.