Четириесет и четири годишен жител на Тетово е приведен од полицијата со цел да да биде спроведен за издржување на затворска казна. Тој е осуден на една година затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
-Денеска околу 10 часот и 15 минути, во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово со судска наредба го привеле Ш.Р.(44) од Тетово, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По приведувањето Ш.Р. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
А,С