Денеска (28 септември) околу 7 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово го привеле 31-годишниот тетовец Р.Х., осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“, согласно член 140 став 1 од Кривичниот законик, информира СВР Тетово.
По приведувањето, реализирано со судска наредба, Р.Х. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
Ноќеска (28 септември) околу 1 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Tетово ги лишиле од слобода В.Ј.(19) од тетовско Слатино, Б.О.(21) од Тетово и М.Б.(18) од тетовска Мала Речица, кои половина час пред тоа на бензинска пумпа на излезот од Тетово кон Скопје, физички го нападнале 19-годишниот Б.М. од Тетово.
Трите лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 386 од Кривичниот законик.