Државјанин на Косово е приведен откако влегол во Македонија преку граничен премин Јажинце со изјава дека само ќе транзитира, но по неколку часа сакал да се врати. Тој немал ни ПЦР тест и бидејќи биле изминати три часа колку што е дозволено за транзитирање, бил лишен од слобода.
-Ноќеска 8 октомври околу 3 часот во Полициската станица Тетово бил донесен и задржан 29-годишниот Џ.М. од Република Косово, кој претходно бил лишен од слобода во Полициската станица за граничен премин Јажинце, а поради сомнение дека сторил кривично дело „ непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик).Против него ќе следува соодветен поднесок, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Кривичната пријава е доставена до Обвинителството.
А.С