Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера понеделник 29 јули околу 14 часот, во Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Ј.Ц. поради сомнение дека е извршител на повеќе кражби.
38 годишникот задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.
При тоа одземени му се и предмети кои потекнуваат од кражби. По документирање на случајот против Ј.Ц. ќе следува соодветен поднесок, соопшти денес СВР Тетово.