Ноќеска (23 ноември) околу 1 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 40-годишен жител на тетовско село, кој претходно, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Пријавениот е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.