Вчеравечер (18 ноември) околу 23 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш.(21) од тетовски Групчин, сопственик на угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Скопје, во Групчин, кој бил отворен по дозволеното време и во кој престојувале 9 лица (гости). Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, а неговиот објект бил затворен од Државен пазарен инспекторат, информира СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (18.11./19.11.) за неносење заштитни маски на 49 луѓе им се изготвени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, информира СВР Тетово.
А.С