Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (26 мај), половина час по полноќ, на локалниот пат кон тетовско Жеровјане го лишиле од слобода 18-годишник од тетовско Боговиње затоа што при негов и преглед на возилото што го управувал „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки му била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против 18 годишникот ќе следува соодветен поднесок, информираше денеска СВР Тетово