Денес после пладне денес во Тетово е приведен 21 годишник од страна на полицајци од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје во тетовската полиција кои кај него нашле дрога и пиштол.
-При извршени претреси во дом и помошни простории во с.Боговиње и на ул.„Штипска“ во Тетово била пронајдена поголема количина марихуана и пиштол , кој го поседувал без дозвола. Дрогата е предадена на вештачење, а Б.Б. (21) е приведен во полициска станица, информираше МВР.
Против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, согласно чл.215 од Кривичниот законик.