Полицајци привеле 25 годишник од тетовско Желино откако при контрола на него и во возилото со кое се движел е најден пиштол за што тој немал соодветна дозвола. Оружјето му било најдено вчера вечера околу 21 часот и 15 минути, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.
-Полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 25-годишниот Ш.И. од тетовско Желино, затоа што при негов и преглед на возилото „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал, му бил пронајден пиштол „екол специјал 99“, калибар 9 милиметри, а за кој непоседувал никакви документи. Тој задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
За носењето на пиштолот без дозвола 25 годишникот ќе се соочи со соодветен поднесок.
А.С