Полицајци вчера привеле 27 годишник од градот затоа што ги физички ги нападнал родителите. Тоа се случило околу 15 часот во нивниот дом во Тетово.
-Во 17 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Е.И. кој во семејниот дом околу 15 часот физички ги нападнал неговите родители на возраст од 46 години мајка му и 51 година татко му, а оштетил и еден прозорец, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка по што ќе му биде изготвен поднесок.