Денеска (15 октомври) околу 10 часот во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле Ш.З. (28) од ова село, осуден на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информира СВР Тетово.
По задржување во Полициската станица Тетово, Ш.З. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната, информира СВР Тетово.