Ноќеска (23 јуни) околу 1 часот и 25 минути на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот С.С. од тетовско Шемшово, затоа што при преглед му бил пронајден кокаин.Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесокж, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.