Денеска во 16.15 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје лишен е од слобода З.Х.(48) од Тетово, бидејќи кај него при извршен преглед пронајдена е и одземена кафена прашкаста материја.
-З.Х. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.