Вчеравечер (15 јуни) околу 21 часот и 20 минути, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 45-годишниот Ш.А. од тетовски Раковец, кој го нарушувал јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон нив. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок,информира СВР Тетово