Вчеравечер (30 јуни) во 20 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувале 4 малолетни лица од Тетово и Голема Речица на возраст од 14 до 16 години. Две од лицата, во присуство на нивните родители, набргу се приведени во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, а другите две се идентификувани и во текот на денешниот ден (1 јули) ќе бидат повикани во Полициската станица Тетово, информира СВР Тетово.