Триесет и едногодишен жител на тетовско Слатино кој утринава беше приведен поради пронајдена марихуана доби мерка притвор и вечерва е спроведен во казнено поправна установа во Скопје, информираат од СВР Тетово.
По неговото задржување во полициска станица во Тетово и документирање на случајот Б.С (31 ) е изведен пред судија во претходна постапка со изготвена кривична пријава.
-Судија во претходна постапка за осомничениот Б.С определил 30 дена притвор. Осомничениот е спроведен за издржување на мерката притвор во КПУ Затвор Скопје, информираат од СВР Тетово.
Утринава околу 08.30 часот во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го лишија од слобода 31-годишниот Б.С., кај кого при извршен претрес била пронајдена марихуана.
А.С