Притвор од 30 дена за тетовецот кај кого беше најдена дрога Тетово, 14 април 2022 (МИА) Tетовецот кај кој вчера беше најдена дрога и други предмети денес доби мерка 30 дена притвор. По вчерашниот претрес и приведување денес тој беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
-Определена е мерка притвор од 30 дена на 59-годишниот Н.М. од Тетово, во чиј дом вчера при извршен претрес со судска наредба од полициски службеници на СВР Тетово беше пронајдено околу половина килограм хероин, околу 100 грама кокаин, 19 ампули метадон, поголема сума девизи и други предмети.Тој попладнево е спроведен во КПУ Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот, информираат од СВР Тетово.
Обвинителството го обвини тетовецот за кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.