Унијата на млади сили при ВМРО ДПМНЕ од Тетово во недела организира проекција на филмот „Исцелител“, а воедно можност за донирање средства од страна на посетителите за помош за лекување на Елизабета Јовановска.
Проекцијата на филмот е бесплатна, а ќе се одржи на отворено во Музеј куќата на Јовановци во населбата Два Бреста во Тетово во недела 15 септември со почеток во 19 часот.
Во музејот ќе има поставено кутија каде ќе може да се остави помош на Елизабета Јовановска.
„Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, односно исцелител. Филмот е добитник на повеќе награди и признанија.