На Универзитетот во Тетово беше промовирана книгата „Образование во кревката демократија“ од авторот професор д-р. Бардил Мусаи. Промоцијата беше одржана на Педагошкиот факултет при Универзитетот.
-Задоволство ми е што денес сум тука меѓу вас затоа што гледам дека тука сме три генерации, тоа е генерацијата на мои професори и јас, заедно со нив, сме биле во поранешен систем и сега сме во демократски систем кој јас во мојата книга ја нареков „кревка“ и најдов поддршка за неа. Втората генерација е од оние кои беа мои поранешни ученици, а денес се мои колеги и трета генерација сте Вие сегашните студенти. Ова е најдоброто нешто за еден универзитет кога има три генерации кои обезбедуваат континуитет. Во книгата во знак на бунт мојата поентата е дека согласно мојот концепт, интелектуалецот во општеството е личност која не секогаш се согласува со државата, со власта, затоа што ако велиме ова не е добро, тогаш да го направиме тоа добро, така што секогаш има простор за подобрување, истакна на промоцијата авторот Бардил Мусаи.
За значењето на книгата на промоцијата говореа професорите Рабије Мурати, Муса Мусаи и Ардита Абдули-Река.
А.С