Свечено пуштање во употреба беше организирано за сучилишна спортска сала изградена во склоп на основното училиште „Фаик Коница“ во тетовско Доброште. На настанот присуствуваа министерката за образование Мила Царовска, градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
-Физичкото образование создава здрави генерации, ги поттикнува учениците да спортуваат па и да постигнуваат повисоки резултати. Затоа како Влада и како Министерството за образование и наука сме насочени кон инфраструктурни вложувања во објекти каде децата ќе можат во пријатни услови да ги реализираат часовите за спортски активности. И тоа го правиме плански. Минатата година имавме повик за инфраструктурно вложување во училиштата и оваа година продолжуваме да градиме по план, согласно потребите на општините, со цел да го подобриме основното образование во нашата држава. Затоа што за квалитетот на основното образование се важни сите чинители – и квалитетните наставни програми и обучените наставници но исто така се значајни и условите во кои се одвива наставата. Многу ми е драго што децата од оваа општина добиваат поквалитетно образование“, изјави Царовска
Спортската сала во основното училиште во Доброште е со површина од 650м2, опремена со спортски реквизити. Вредноста на изградбата е 22,6 милиони денари.
А.С