Во основното училиште „Истигбал“ во Тетово денес свечено беше пуштено во употреба еко-инклузивно игралиште, како дел од активностите на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран. Проектот е финасиран од Европската унија, го реализираат три организаци Фондацијата „Чекор по чекор“, невладината органицација Хендимак од Тетово и невладината организација Инклузива од Куманово, а игралиштето е донација на Халкбанк АД Скопје.
-Реализираме многу активности, доделување стипендии за ученици со попреченост, давање на туторска поддршка за ученици со попреченост, обуки за наставницитее и наставните тимови во училиштата за подобро вклчување на учениците со пореченост, но за тое што сме денеска тука е подобрување на пристапноста на училиштета. Основните училишта во нашата држава, многу често се непристапни и не се комплетно отворени за лицата со попреченост, нашата идеа е да го промениме тоа и како што новиот Закон за основно образование тоа го наложува, во насока на подобрување на пристапноста на основните училишта и ова е прво инклузивно игралиште кое го отвараме во ОУ „Истигбал“. Особено сме горди што нашата работа е препознаена и што добивме поддршка од Халкбанка, кои се донатори на ова инклузивно игралиште и кои ги препознаа вредностите во коишто веруваме како организација, како проект. Тоа се и европски вредност грижата за луѓето, вклучување на сите, еднаков пристап до образование и се обидовме да ги инкорпорираме сите овие вредности, заедно со вредностите во кои и донаторот верува. И дека луѓето се важни.Ова катче немаше да го направиме да не беше поддршката од Општина Тетово, и од училиштето, за што сум многу, благодарна, изјави Бранка Џајкоска од Фондација „Чекор по чекор“.
Главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши истакна дека за да се утврдат потребите на лицата со посебни потреби треба целото општество да допринесе за да се обезбеди еднаквост, во нивното образование.
-Одговорност е на целото човештво за економски развој и да се види потенцијалот на идните можности. Ние како Банка славиме десетгодишно посоење во Македонија и во рамките на активностите е и оваа активност. Важни се луѓето и во таа насока не само во општинава, туку и во целата дршава да допринесеме во вакви проекти.Можеби не е некоја голема инвестиција, меѓутоа, е еден вид на чекор, па очекуваме и другите институции да го направат истото, за да создаваме заедно вредности низ целата држава. Јас би сакал да се заблагодарам на „Чекор по чекор“ имајќи предвид дека Истигбал е мултиетничко училиште, каде децата и децата со попреченост ќе бидат задоволни и ќе биде од нивна корист во иднина, рече директорот.
Раководителот на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, Ахмед Ќазими, го потенцираше огромното значење кое го има овој потег и изградбата на ова игралиште.
-Ако компаниите како Халкбанк, нивната општествена одговорност ја споделат и спроведат на дело ќе имаме што повеќе вакви инвестиции во градот и општествпото во целост. Кога имаме спојување на државните институции, невладините организации, бизнис секторот ќе имаме вакви дела. За почетокот на учебната година направени се сите подготовки за децата со попреченост -ангажирани се персонални асистенти во сите училишта, каде овие ученици ќе бидат вклучени во нормалниот образоввен процес, истакна Ќазими.
ас