Почитуван наш сограѓанин Александар Бачевски,
Тетово е град каде што се знае сé. Воопшто не чекајте три дена, уште денес покренете постапка со која ќе ги браните Вашето име и углед. Очигледно сте навикнати да посетувате институции како Суд, Полиција и слично, со што Вашиот кредибилитет и углед е одамна доведен во прашање.
Во врска со Вашето прозивање, ОО СДСМ Тетово уште утре ќе ги повика надлежните институции да извршат увид за работењето на ССОУ МОША ПИЈАДЕ од времето на Вашето директорување, па сé до денес.
Во име на вистината и транспарентноста на Вашето работење би Ве замолиле да ни појасните: Зошто бевте разрешен од функцијата директор пред истекот на Вашиот мандат?
ОО СДСМ Тетово секогаш е на страна на правдата и вистината. Сигурни сме дека преку институционален пат и овој пат ќе Ви докажеме дека не сте во право.
Другарски поздрав.
Центар за комуникации и односи со јавност на ОО СДСМ Тетово.