Заврши неколку месечната реконструкција на железничката станица во Тетово. Овој објект е изграден во 1952 година и од тогаш само еднаш е обновен покривот.
-Во проектот за реновирање се опфатени низа градежни интервенции, почнувајќи од долгогодишниот проблем со атмосферската канализација, асфалтиран е целиот паркинг простор, овозможен пристап за лица со посебни потреби, променет е целиот покрив и има нова фасада која има поефикасна енергетска ефикасност. Во однос на станичните колосеци реновиран е и перонот и овозможен пристап за лица со посебни потреби и извршено чистење на станични колосеци. Има дополна на толчаник како и промена на дотраени дрвени прагови. Проектот не застанува тука, наредната година ќе се уреди паркот на станицата кој ќе биде отворен и за сите граѓани, изјави Фестим Алили, директорот на јавното претријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“– Скопје.
На новинарските прашања дали ќе има повеќе од само две линии кои се движат од Тетово кон Скопје и Кичево, Алили со одговор дека се размислува за такво нешто.
-Ние сме побарале од јавното претријатие за транспорт во железницата заеднички да најдеме решение да се зголеми бројот на возови што одат во овој дел. Тоа има и финансиска имликација за ЈП Македонски Железници-Транспорт па така да ќе треба со нив да соработуваме, рече Алили.
За вработените во желеничкиот превоз се уште предизвик е несовесноста на граѓаните кои не застануваат на рампите на железничките пруги.
-Работам 36 години во железници и морам да укажам на тоа дека треба да се почитуваат знаците на рампите. Не застануваат луѓето на рампите и така возиме под стрес. Ако нема сигнализација сите се должни да застанат на Стоп знак и на Андреев крст да видат лево и десно дали има воз па потоа да поминат, изјави Ќамил Ќаили, машиновозач.
Железничката станица во Тетово е изградена 1952 година заедно со тогашното поставување на нова железничка пруга од Скопје преку Тетово и Гостивар до Кичево.
А.С