Сообраќајна незгода денес околу 13 часот на регионалниот пат од Тетово кон Брвеница односно влезот во селото резултираше со судир на две возила, полесно повреден возач, излетување на еден автомобил и кршење на дрвен столб од телекомуникациска мрежа.
Полицијата и вчера евидентираше незгода во која повредена беше 35 годишна жена пешак откако во неа удрило возило управувано од 30 годишен возач.
Регионалниот патен правец Р2233 од Тетово кој минува низ Брвеница е делница на која често пати има сообраќајни незгоди во кои и имало и смртни случаи. Поради честите незгоди од општината најавија поставување грпки на патот поради пребрзо возење.
-Чувствувам обврска да апелирам за совесно и безбедно возење низ патиштата и улиците во општина Брвеница, во спротивно ќе ни се случуваат несреќи Јас како Градоначалник, во консултации со надлежни лица предложив а Советот на 24.02 2022 година, едногласно прифати изработка на Основен сообраќаен проект за забавување на сообраќајот во општина Брвеница и за многу кратко време истиот ќе биде готов и доколку добиеме согласност од МВР, веднаш ќе донесам решение за поставување на сообраќајна опрема за забавување на сообраќајот во населени места и пред училишта. Тоа што со години не е направено а сега се прави за безбедноста во сообраќајот во општина Брвеница во никој случај не ја исклучува обврската да бидеме совесни и внимателни возачи и пешаци, порача градоначалникот Јовица Илиевски.
Во 2010 година смртно беше прегазено четири годишногодишно дете, а во 2012 година 40 годишник. Чести се и излетувања од патот, па возилата завршуваат во дворовите на куќите на главната улица низ Брвеница која е дел од регионалниот пат Р2233 или Тетово-Чегране.
ас