Општина Тетово по повод 50-годишнината од 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, денеска го подигна ромското знаме пред зградата на општината. Градоначалничката Теута Арифи во својата порака ја потенцира потребата од инклузивноста на општеството по повод овој ден.
-Со ова сакаме да ја докажеме важноста и вредноста на оваа заедница во градењето на инклузивно и еднакво општество за сите, каде што се почитува индивидуата, и етничката и културната разновидност како општествена вредност. Сакам да им го честитам овој ден на сите наши сограѓани Роми, со најискрена желба за мир, благосостојба и заеднички просперитет, порача градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
Поради пандемијата како и лани во Тетово немаше други активности по повод меѓународниот ден. Во 2019 за прв пат невладини организации организираа Марш на достоинството и гордоста.
А.С