Во текот на ноември годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и законски санкционирале 1036 сообраќајни прекршоци.
Поради констатирани пропусти, односно прекршоци, согласно Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од сообраќај биле исклучени 108 возила, од кои 95 поради истечена регистрација до и над 30 дена, 8 технички неисправни и 5 поради претовар.
-Минатиот месец, исто така, од сообраќај биле исклучени и 209 возачи, најмногу поради непоседување на возачки дозволи-136, 52 возачи почетници кои не се придржувале на законски предвидените ограничувања, 11 кои управувале под дејство на алкохол, 7 со важечка забрана и 3 со несоодветна категорија, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Откриените сообраќајни прекршоци во ноември биле заокружени со 272 мандатни и 418 прекршочни платни налози, додека времено биле одземени 47 возачки и 49 сообраќајни дозволи. Поради непрописно, односно погрешно паркирање вкупно биле санкционирани 192 возачи.
А.С