Статистиката на Министертвото за здравство покажува дека во тетовскиот регион само во ноември се бележат 1632 заболени од Ковид-19, додека за 9-те останати месеци во периодот од февруари до октомври има 2187 заразени. Од 1-ви до 30-ти ноември има вкупно 56 смртни случаи додека од февруари до октомври има вкупно 101 починат.
За последниот ден од ноември се бележат најмал број на заболени 11, додека најмногу 95 имало на 1 и 8 ноември. Најмногу починати по 5 на ден има на 2, 10 и 27 ноември.
И бројот на хоспитализирани е најголем во ноември во Ковид-центарот во клиничката болница во Тетово.
-Заклучно со последниот ден на ноември имаме 47 лица кои се на болничко лекување. Триесетина се потешки случаи со постојана кислородна поддршка, додека останатите добиваат по потреба или периодично. Во средината на ноември имаше најмногу 51 човек на болничко лекување. Во периодот од февруари до октомври бројките на хоспитализирани варираа, но немаше колку сега во ноември, изјави Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот.
Во тетовскиот регион во текот на ноември најмалку заболени 11, се евидентирани на последниот ден од месецо додека најмногу 95 имало на 1 и 8 ноември. Најмногу починати по 5 на ден има на 2, 10 и 27 ноември.
А.С