Во февруари тетовската сообраќајна полиција на подрачјето бележи откриени и санкционирани 1787 разни видови сообраќајни прекршоци што претставува за 33 повеќе од истиот месец во 2020 година. Во минатомесечните контролни активности, поради констатирани прекршоци од сообраќај биле исклучени 143 возила.
-Најмногу од исклучените возила (73) имале вградени неатестирани фолии, 42 биле со истечена регистрација, а кај 28 возила била констатирана техничка неисправност. Минатиот месец, исто така, од сообраќај биле исклучени и 188 возачи, од кои 117 управувале без возачка дозвола, 14 под дејство на алкохол, 51 возачи-почетници, 2 со несоодветна категорија и 4 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на февруари, исто така, поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци биле времено одземени 14 возила. Откриени и санкционирани биле и 507 пречекорувања на максимално дозволената брзина, во и надвор од населено место. На сите прекршители им се изготвени поднесоци, односно платни налози како и 267 писмени опомени.
А.С