По повод Денот на ослободувањето на Тетово 19 ноември Организацијата на Сојузот на борците од Народноослободителната Борба (НОБ) и граѓаните продолжувачи од Тетово овозможија граѓаните од дома да проследат пригодна свеченост поради пандемијата. „Тетовски јуриш кон вечноста“ во чест на 76 годишнината од славното ослободување на Тетово е насловена свеченоста која премиерно ќе се емитува на 18 ноември со почеток во 20 часот.
-Иако во вонредни околности на достоинствен начин ќе биде одбележан овој значаен ден, ќе биде прославен роденденот на Тетово, денот на обединување и заедничко оддавање на почит на знајните и незнајни борци кои не задолжија давајќи ни го она кое е највредно – слободата. Минатата година одбележавме 75 години Слободно Тетово, достоинствено и на високо ниво како што доликува после децении. Во преполната сала и хол на Центар за култура „Иљо Антески Смок“ имавме вистински празник на заедништво. Годинава соочени со вистинска криза предизвикана од коронавирусот одлучивме да пркосиме и да прославиме на соодветен начин и во вакви услови, со цел да создадеме традиција, велат организаторите.
Свеченоста ќе се емитува преку Јутјуб каналот на „Слободно Тетово“ и фејсбук страницата на Тетово инфо