Тетовската полиција со укажување до јавноста дека поставување на маска на брадата или на раце е казниво и се смета за неадекватно спроведување на мерката за спречување на ширење на коронавирусот, порачуваат од тетовската полиција.
Инаку само за една недела од понеделник 7 декември до недела 13 декември се евидентирани 480 прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Дел од изречените санкции се однесуваат на неадекватното поставување на маските на лицето.
-Казните за неносење заштитни маски се во насока на спречување на ширење на коронавирусот, а има санкции и за оние кои маските не ги поставуваат адекватно односно на брадата или на рака. Според прописите за спречување на ширење на епидемијата потребно да бидат покриени устата и носот со лична опрема/заштита која треба да се носи при излегување од домот при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично),информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Според евиденцијата на СВР Тетово од 1 до 14 декевмри (денес до 7 часот утринава) се изречени вкупно се 838 казни за неносење на заштитни маски. Од 1 до 6 декември се 309 и од 7 до 13 се 480 и само во изминатото деноноќие 49.
А.С