Полициски службеници на СВР Тетово денеска (24 февруари) од 11 до 16 часот, спровеле засилена акциска контрола на прекршоци што ги чинат пешаците во сообраќајот, а во која биле откриени и санкционирани 34 пешаци (ТЕ-22 и ГВ-12).Најголемиот број од нив (27) ги преминувале улиците надвор од обележани пешачки премини(ТЕ-15 и ТВ-12), а преостанатие 7(ТЕ) непочитувале сообраќајна сигнализација.Во контролата биле санкционирани, исто така, и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-5).
СВР Тетово повторно со апел до пешаците крајно внимателно да се однесуваат во сообраќајот, да ги почитуваат постоечките знаци, правила и прописи, да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и непотребно да не се задржуваат на коловоз, односно прописно да се движат по улици и патиштата на кои нема обликувани тротоари.