Во врска со појава на питачeње на улиците, најмногу во централните подрачја на Тетово и Гостивар, но и пред верските објекти и на пазарите, Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел и потсетување дека питачењето како општествено девијантна и асоцијална појава е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека за ваков вид прекршок е предвидена парична глоба од 15 до 50 евра (член 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир).
Родителите, пак, или други лица кои непосредно ќе инволвираат деца во питачење или на било каков друг начин ќе ги запуштат ќе се соочат со кривична одговорност и со затворска казна од најмалку четири години.
Во координација и содејство со другите надлежни социјални и здравствени институции, Секторот за внатрешни работи Тетово и ова лето ќе реализира адекватни превентивни и други активности и ќе ги преземе законски предвидените мерки за санкционирање на овој вид прекршок, односно кривично дело, зависно од видот и карактерот на секој случај посебно.