Полициски службеници на СВР Тетово вчера (30 ноември) околу 14 часот и 10 минути го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ф.И., кај кого при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден пиштол „цз м 57“ калибар 7, 62милиметри, две рамки, 10 куршуми од истиот калибар ифутрола, а кои ги поседувал без дозвола. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информираа денес СВР Тетово.