На 27.09.2019 во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со пукање на пиротехнички средства и огномет на улица „Борче Кочовски“ пред куќа во сопственост на М.А.(54) од Тетово.
Причина за нарушувањето е семејна веселба. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, информира денес СВР Тетово.