Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до населението да се воздржи од и активирање на пиротехнички предмети како петарди со оглед дека таквите постапки претставуваат прекршок и се казнуваат со глоби додека продажбата претставува спротивност на Кривичниот законик. Паричните казни се движат од 200 до 500 евра.
-На трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидена е парична глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност.Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини,пак, спротивно е на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Се потенцира и опасноста по здравјето на луѓето од употреба на пиротхеничките предмети.
-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, особено до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Секторот за внатрешни работи Тетово веќе одржува состаноци на граѓанските советодавни групи на кои, меѓу другото, се зборува за набавката, продажбата и се друго поврзано со пиротехничките средства, се вели од СВР Тетово.
Состаноци се организираaт и во основните и средните училишта на тетовско-гостиварското подрачје. Иницијатор и носител на овие и другите активности е Отсекот за превенција, потенцираат од СВР Тетово.