СВР Тетово од денеска ја спроведува превентивно-информативно, едукативна кампања „Носи кацига-биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот“. Тоа е заедничка соработка на тетовската сообраќајна полиција, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност. На неколку пункови во Тетово делеа наменски изработени флаери.
-Целта на кампањата е да се подигне јавната свест и поединечната и заедничка култура кај овие категории учeсници во сообраќајот, дотолку повеќе што не мал број мотоциклисти посебно, но и велосипедисти и „тротинетисти“ во Полошкиот регион некористат вакви кациги, со што најнепосредно ја доведуваат во ризик сопствената безбедност.Ова, дотолку повеќе што нивниот број на тетовските и гостиварските улици деновиве значително е зголемен, како и на моторни возила, така што повеќе од неопходна е максимална внимателност, односно претпазливост и целосно почитување на сите сообраќајни знаци, правила и прописи, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Поделени се флаери на македонски и албански јазик, со пораки и совети до велосипедистите, мотоциклистите и лицата кои управуваат електрични тротинети, како и каде безбедно да се движат, на што посебно да внимаваат во сообраќајот и со укажување -задолжително да носат заштитна кацига, односно шлем.