Денеска полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 134 возачи.
– Од нив, дури 26 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 119 со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
СВР Тетово апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес кон побезбедни патишта.
А.С