За шест часа во периодот од 12 до 18 часот на подрачјето на СВР Тетово при контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санционирани се 163 возачи.
-Од нив, 72 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.