Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека се подготвени два нови превентивно-едукативни проекти„Превенција од злоупотрба на наркотични дроги, алкохол и цигари“ и „Превенција од трговија со деца“. Спроведувањето на проектите чиј носител е Отсекот за превенција ќе започне на почетокот на наредната недела.
-Со двата проекти ќе бидат опфатени над 3000 деветтоооделенци од тетовско-гостиварското подрачје, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик. Учениците од деветто одделение на посебни часови поблиску ќе бидат запознати од стручно обучените полициски службеници за негативните, односно штетните здравствени, психолошки и социјални последици од користење на наркотични дроги, алкохол и цигари, како и со законски предвидените санкции и други оштествено девијатни појави кои обично произлегуваат од овие пороци или болести на зависност Покрај тоа, на учениците ќе им биде објаснето – како да ја препознаат трговијата со луѓе и да се заштитат да не бидат вовлечени во неа, односно како најбрзо и најбезболно да ги превенираат евентуалните такви ситуации,информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Проектите се планира да траат до последната седмица на април и се очекува да придонесат за поголема информираност и превентивна свест кај оваа категорија млади, кои неретко им подлегнуваат на овој вид искушенија, најчесто од љубопитност, лажно помодарство и други психо-социјални слабости