Општинската изборна комисија во Тетово до последниот рок за пријавување на кандидатури на локалните избори до 24 часот на 11 септември има примено седум пријави за кандидати за градоначалници и десет за советнички листи.
-Кандидати за градоначалник доставија партиите Движење Беса, ДПА, СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движење за држава и правда и Интегра, информираат од ОИК Тетово.
Листи со кандидати за членови на Советот доставиле десет предлагачи од кои девет се од политички партии и една група избирачи. Од партиите тоа се Демократската партија на Турците, Движење Беса, Левица, ВМРО Народна партија, ДПА, СДСМ, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива како и група избирачи предводена од Хамди Сулејмани.
ас