Од 37 нови заболени со Ковид19 низ Македонија, 7 се од тетовскиот регион. Вкупниот број на заболени 172 од кои 77 се активни случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти. (Скопје 2, Прилеп 7,Велес 2)
Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.