Со ктиторство на само едно семејство во тетовско Стенче започна да се гради камбанарија за црквата Света великомаченица Екатерина. Сите потребни средства за изградба на овој црковен објект се донација на семејството Апостоловски, кои живеат и работат во Германија.
-Денес 19 септември 2020 лето Господово на денот кога ги празнуваме Спомен чудата на св.Архангел Михаил и св.мч Евдоксиј е положена повелба во темелот за изградба на камбанарија при храмот Света великомаченица Екатерина во село Стенче при тетовско архиерејско намесништво. Камбанаријата ќе се гради под ктиторство на Вук со благочестивата фамилија Апостоловски, соопштија денес од епархијата.
Водосвет, осветување и поставување на камен темелник изврши митрополитот тетовско- гостиварски г. Јосиф во сослужение со архирејскиот намесник протојереј Мирко Станковски и парохискиот свештеник прота Ненад Ѓорѓески.
А.С