Утринава околу 7 часот на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, избувнал пожар во товарно моторно возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, во движење управувано од 43-годишниот Т.Н. од охридски Лескоец, соопштуваат од тетовската полиција.
Во камионот како сопатник се наоѓало уште едно лице од Кичево. Нема повредени, а со интервенција на тетовските и гостиварските пожарникари, пожарот целосно е локализиран. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.